Состојки:
150 гр печурки
300 гр пилешко
1 мал кромид
1 чешне лук
50 гр путер
2 лажици брашно
300 мл млеко
200 мл пилешка коцка за супа
бибер
сол
грст свеж магдонос
500 гр готово тесто
1 јајце
Подготовка:
Прво, загрејте ја рерната на 200 ° C, а потоа пржете го пилешкото исецкано на коцки во маслиново масло. Додадете ги печурките исечени на четвртини и пржете додека пилешкото целосно не се зготви. Отстранете го пилешкото и печурките од тавата, додадете го исецканиот кромид и лукот и пржете 2-3 минути. Потоа измешајте го кромидот со пилешкото и печурките. Ставете го путерот во тава, додадете го брашното, измешајте и оставете го на оган 2-3 минути додека не се добие изедначена смеса. Во сад измешајте ја пилешката коцка за супа и млекото и зачинете со сол и бибер. Потоа измешајте со брашното додека не се соедини. Добиената мешавина зовријте ја додека не се згусне, постојано мешајќи. Истурете го сосот над печурките и пилешкото и наросете со сецкан, свеж магдонос. Оставете да се излади. Готовото тесто ставете го во калап и премачкајте ги рабовите со јајце. Потоа додадете ја смесата од печурки и пилешко и покријте го со тестото. Премачкајте ја питата со јајце, отсечете ги вишокот на рабовите. Направете дупки во пита и ставете ги во рерната. Печете помеѓу 20 и 25 минути.