Ако сакате излeгувањето од домот да го сведете на минимум, тогаш овој едноставен рецепт за домашен леб од Џејми Оливер ќе ви помогне.
Популарниот готвач сподели рецепт со само неколку состојки на кој сите ќе се сладат.
Состојки (за два леба)
1 ќесичка сув квасец
1 кг полу-бело пченично брашно (тип 850)
650 ml млака вода
Подготовка
Истурете 650 мл млака вода во сад и ставете ќесичка сув квасец. Додадете и лажичка шеќер за да го стимулирате квасецот и измешајте.
После неколку минути, кога ќе забележите меурчиња, додадете го поголемиот дел од брашното и измешајте со вилушка или лажица додека не се изедначи смесата.
Потоа започнете да го месите тестото со раце. Ставајте им на рацете или тестото брашно секој пат по малку за да не се лепи. Потоа пренесете го на рамна површина со брашно и месете го и обликувајте го сè додека не видите дека тестото е доста еластично.
Обликувајте го во топка и ставете го во сад и покријте го со крпа. Оставете го покриено на топло место еден час или час и половина.
Потоа извадете го тестото и замесете го малку за да го истиснете воздухот надвор.
Потоа, Оливер советува да го поделите тестото на два дела (бидејќи состојките се доволни за два леба) и оставете го уште половина час до еден час во сад со малку брашно и подмачкан со масло.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете го тестото околу 35 минути додека не стане со златна боја.