Ќе се изненадите: Еве колку се навистина високи балканските пејачки!
Честопати сте изненадени кога ќе прочитате како светските ѕвезди изгледаат величествено на сцена, а во реалниот живот се многу ниски.
Еве ја вистинската висина на балканските ѕвезди.
Јелена Карлеуша- 178 цм
Долги нозе, стас и висина, ја прават Јелена Карлеуша да изгледа со атлетска градба. Иако познатата пејачка сака да носи високи потпетици, таа својата висина знае како да ја искористи на сцената. И да, не е повисока од нејзиниот сопруг Душко Тошиќ кој има 185 цм.
Лепа Брена-178 цм
Иста висина има и познатата пејачка Лепа Брена, па не е чудно што во една прилика Саша Поповиќ ги спореди.
Сека Алексиќ- 168 цм
Познатата пејачка Сека Алексиќ по висината се вбројува во златна средина. Благодарение на својата висина Сека одлично изгледа и на високи потпетици, но и во рамни обувки кои во последно време често ги користи за да ужива во игрите со своите деца.
Цеца Ражнатовиќ- 173 цм
Светлана Цеца Ражнатовиќ исто така важи за една од повисоките дами на балканската естрада. Без потпетици таа е висока 173 цм. Интересно е што пејачката во една прилика изјавила дека неудобните фустани и потпетици ги користи само за на сцена, додека приватно можете да ја видите во сосема опуштено издание- тренерки, фармерки и патики.
Рада Манојловиќ- 173 цм
Иста висина како и Цеца има и Рада Манојловиќ. Позната е по својата феноменална става и долги нозе, Рада плени со својот изглед.
Гоца Тржан- 160 цм
Со своите метар и шеесет цантиметри , Гоца Тржан изгледа како џебна Венера. Познатата пејачка е уште една од дамите од балканската естрада која докажува дека отровот се служи во мали шишенца.