Леонардо Ди Каприо им помага на природните резервати во Африка: „Мора да им пружиме потпора“

22 мај, 20200
Naslovna

Американскиот актер Леонардо Ди Каприо се вклучи во кампањата за поддршка на најстариот природен резерват на Африка, по смртоносниот напад минатиот месец врз чуварите на горилите во Националниот парк Вирунга во ДР Конго.

Националниот парк Вирунга е популарна туристичка атракција. Резерватот е познат како живеалиште за загрозени видови на планински горили, пишува BBC. Во април, 12 чувари беа убиени таму, а нападот се верува дека го организирал воена група од Руанда. Ди Каприо реши финансиски да му помогне на новооснованиот фонд чија цел е да ја поддржи реставрацијата на паркот.

Earth Alliance, група ко-основана од познатиот холивудски актер, донираше околу два милиони долари на фондацијата, но точната сума на донацијата не е позната.

Голема чест беше да ги запознаам и да ги поддржувам храбрите членови на тимот на резерватот „Вирунга“ во нивната борба против нелегалното вадење нафта во 2013 година, изјави актерот кој исто така беше извршен продуцент на документарниот филм „Вирунга“ номиниран за Оскар во 2014 година.

– Вирунга има потреба од финансиски средства за заштита на загрозените видови на планински горили, како и да им помогне на чуварите и семејствата на загинатите.. Ние мора да ги поддржиме во нивните напори да го спречат ширењето на инфекцијата. Многу е важно да се држиме заедно во ова време на оваа огромна криза, изјави американскиот добитник на Оскар.

Резерватот Вирунга е под заштита на УНЕСКО и е едно од местата со најголем биодиверзитет на планетата. Неколку стотици видови птици, влекачи и цицачи живеат таму. Глобалната организација за заштита на животинскиот свет предупредува дека планинските горили се изложени на голем ризик од инфекција со корона вирус, бидејќи нивната ДНК 98 проценти одговара на човекот.

Ди Каприо е познат по својот активизам последниве години, особено кога станува збор за заштита на животната средина. За неговите активности беше снимен документарен филм „Before The Flood“, во кој актерот разговара со светските лидери за опасностите што ги предизвикуваат климатските промени.

Минатиот месец, Леонардо Ди Каприо го основаше Американскиот фонд за храна, иницијатива насочена кон обезбедување на сите американски граѓани редовно снабдување со храна. Фондацијата досега има собрано околу 26 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi