Еминем донира „Mom’s Spaghetti“ на болничките работници во Детроит кои се борат против коронавирусот

24 април, 2020
Eminem

Го сакаме начинот на кој Еминем донира.

Среде пандемијата на Коронавирусот, има безброј примери и на познати личности и на обични Американци кои донираат на умни и уникатни начини.

Еминем не е исклучок откако болницата Henry Ford Health System доби вкусно изненадување од наградуваниот рапер.

Според Инстаграмот на болницата, здравствените работници во првите редови биле изненадени на вкусно јадење во текот на зафатената смена оваа недела.

„Нашите #HealthcareHeroes ‘се изгубија’ во вкусните Mom’s Spaghetti (шпагети) донирани од самиот Детроит, @eminem“, се вели во насловот на Инстаграм додека ja цитираат хит песната на раперот „Lose Yourself“. „Благодарам што обезбедивте посебен оброк за членовите на нашиот тим!“

За оние кои не се свесни, познатата фраза „Mom’s Spaghetti“ потекнува од песната на Еминем наградена со Оскар во 2002 година „Lose Yourself“. „His palms are sweaty, knees weak, arms are heavy / there’s vomit on his sweater already—mom’s spaghetti”, рапуваше Еминем во филмот 8 милји.

Обожавателите на поп културата, исто така, можеби се сеќаваат кога Еминем ги донесе „mom’s spaghetti“  на фестивалот Коачела 2018 година. Инаку фестивалот закажан за овој месец беше одложен за октомври заради Ковид-19.

Еминем е само една од многуте славни личности што ја користат својата улога во општеството да направат разлика за оние кои се погодени од пандемијата.

Претходно оваа недела, BeyGOOD на Бијонсе се здружи во партнерство со #startsmall на Џек Дорси за да обезбеди 6 милиони американски долари за финансирање на организации што обезбедуваат услуги за ментална заштита, преку клучно национално партнерство со UCLA.

И ако добрата храна не беше доволна, Ештон Качер и Мила Кунис создадоа карантинско вино (Quarantine Wine) во кое „100% од приходите [ќе] одат во неколку добротворни цели!

Кликнете тука да видите кои се тие славни личности. 🙂

Наздравуваме за здравствените работници низ целата земја! Ви благодариме за сè!