Кој нормален би го направил ова? Лудата Клои Кардашијан, нормално!

24 април, 2020
217109_profimedia0501510477_ls

Без разлика колку пари имате, или колку сте успешни, никој не може да размисли наместо вас.

Клои Кардашијан (35) сака да има друго дете со бившиот Тристен Томпсон (29). Двојката веќе има едно дете, Тру (2), кое го добија за време на една турбулентна врска.

Поточно, Клои Кардашијан е позната по тоа што немаше среќа во љубовта. Нејзиниот поранешен сопруг, Ламар Одом, со години ја изневеруваше јавно и таа се надеваше дека некогаш тоа ќе престане.

Откако се разведе, започна да се дружи со Тристен Томпсон. И, додека во семејното реално шоу, нивната врска се покажа како идеална, медиумите го објавија списокот со девојки со кои Тристен ја изневерил.

Кулуминацијата стигна кога на интернет се појави видео како Тристен се бакнува со друга девојка, додека Клои беше трудна. Ова таа го надмина, а сега ја надмина прељубата со најдобрата другарка на нејзината сестра Кајли.

View this post on Instagram

Khloé KoKo KhloMoney

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Многу работи беа направени, а сега се шушка дека второ дете е на пат. Па дали Клои е нормална?