Љубовниот живот на Мајкл Џордан

8 мај, 2020
мајкл 4

На легендарниот НБА играч Мајкл Џордан кошарката му била на прво место во животот, па не дозволувал многу да му се навлегува во приватниот живот. Но кога си најдобар во она што го правиш, не можеш да го задржиш приватниот живот во тајност.

Многумина се заинтересирани за неговиот приватен живот и кој ќе ги наследи милијардите?

Мајкл Џордан прв пат се оженил на 26 години. Него го магепсала три години постарата манекенка Хуанита Ваној. Се запознале преку заеднички пријатели и по неколку средби започнале врска. Во 1997 година тој ја запросил Хуанита, а во 1998 година го добиле синот Џефри.

Во 1990 година се родил и вториот наследник Маркус Џордан, а две години подоцна на свет дошла и ќерката.

Новниот навидум совршен брак ја доживеал својата прва криза во 2002 година кога Мајкл и Хуанита покренале бракоразводна парница.

Но, иако набрзо се предомислиле, во 2006 година нивниот брак дефинитивно завршил. Причина- ненадмостливи разлики.

Во јавноста протекла вест дека по разводот Хуанита добила околу 168 милиони долари.

Две години по разводот во еден ноќен клуб Џордан ја запознал 16 години помладата кубанка Ивет Прието, неговата сегашна сопруга.

Ивет е исто така поранешна манекенка, а пред Мајкл била во врска со братот на Енрике Иглесијас.

По петгодишна врска бринетата и легендата љубовта ја крунисале со брак со спектакуларна свадба на Флорида.

Во 2014 година ги добиле близнаците Изабел И Викторија.