Тешко е да се поверува, но двајцата беа заедно пред скоро 20 години: Тој е многу помлад од неа, но тоа не им пречеше!

27 април, 20200
aaa

Рајан Гослинг ја бакна Сандра Булок пред скоро 20 години, а се сетивме на деталите за нивната речиси заборавена врска.

Сандра Булок и Рајан Гослинг се едни од најпознатите актери на светот денес, а ние често забораваме дека покрај нивната страст за глума, тие споделија и страст едни кон други пред скоро дваесет години. Долго време пред да се најде во прегратките на Ева Мендес, со која сега е среќно оженет, холивудскиот миленик на жени се бакнуваше со 16-години постарата колешка.

Двојката се запознала на сетот на филмот „Убиство по бројки“ и веќе биле во врска кон крајот на 2001 година. Во филмот, Булок, која во тоа време ималa 37 години, играла полицаец во лов на младиот богат човек Гослинг, кој имал само 21 година. Во филмот, неговиот лик е осомничен дека убил девојче.

Тие за првпат се појавија во јавност како двојка во септември 2001 година, на премиерата на филмот на Гослинг „Верник“, а во април следната година кога го претставија филмот во кој обајцата актери глумат, медиумите на големо пишуваа за нив. Разликата од 16 години не беше воопшто пречка за нив, а и самите велеа дека годините не се проблем.

„Ние сме пријатели, не сакам ова да звучи поинаку“, рече Булок во интервјуто за Космополитен во 2003 година. Таа исто така раскажа како нејзиниот помлад колега и помогнал да се смири во животот. Гослинг признал години подоцна дека ги имал најдобрите девојки што можел да ги посака.

Двојката се раздели во 2003 година и подоцна беше кажано дека преголемото внимание од медиумите всушност ја нарушило нивната врска. И двајцата имаат семејства денес и се во среќни врски и бракови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi