
Ова вкусно и здраво јадење ќе биде одличен оброк за да го започнете денот. Лесно е и без многу калории. Ако ви недостасуваат јаглехидрати со него, можете да додадете малку тестенини, но можете да го јадете и со леб.

состојки:
300 гр бело месо
1/2 карфиол
2 јајца
200 мл јогурт
сол
бибер

Подготовка:
Исечете го белото месо на коцки, додадете сол и пржете во тава. Ставете го карфиолот во тава со солена вода и почекајте да зоврие, а потоа исцедете го. Загрејте ја рерната на 250 степени. Во огноотпорен сад измешајте ги карфиолот и пилешкото. Изматете јајца, јогурт и малку вода (половина чаша) во чинија. Зачинете го со лажичка сол и бибер и истурете го во пилешкото и карфиолот. Ставете во рерната и намалете ја температурата на 230. Печете до златно кафеава боја, околу 30 минути.