10 навики кои ќе ве исцедат како крпа!

4 мај, 20200
навики

Чувајте ја енергијата, чувајте го душевниот мир. Препознајте ги навиките кои ве уништуваат и променете ги заради вашето здравје.

10 навики кои ни ја црпат енергијата:

1Живеење во минатото секогаш ги анализирате своите постапки во минатото. За жал, минатото не можеме да го смениме, но затоа можете да се завртите кон иднината и да го тргнете товарот кој ве притиска.

2. Вина – тоа е еден голем товар на грбот на обичниот човек. Или прифатете ја, или заборавете ја. Едноставно со неа не може да се живее.

3. Неодлучност – додека мерите на вага, вие се уништувате! Секој чекор може да биде погрешен, но не мора да значи дека ќе згрешите. Затоа, одлучете се веќе еднаш и престанете да се мачите себе си.

4Одбивање помош– не можете сè сами! Ниту една личност не е остров. Дозволете другите да ви помогнат и олабавете се од целиот притисок од обврски и одговорности.

5Прекумерна анксиозност – додека вие се плашите, животот лета покрај вас.

6. Жалби– како зрачиш, така привлекуваш. Се жалите од работата, од партнерот, од платата- тогаш променете сè! Никој не може да го живее важиот живот и да ги решава вашите проблеми.

7Одложување– треба да дејствувате како да нема утре, затоа што може да биде доцна.

8На сè гледате негативно– време е да го поромените начинот на гледање на работите. Во спротивно, ќе ви се случуваат само негативни работи.

9. Желба да контролирате сè – Препуштете им го кормилото на другите повремено- нема животот да ви отиде во бестрага.

10Неможност да се одморите– ако не можете да се одморите- имате сериозен проблем. Сфатете една работа: животот нема реприза и кога веќе тече, нека биде квалитетен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi