Еве што ќе се случи со вашето тело ако јадете салата со секој оброк!

26 април, 20200
217231_shutterstock-261537758_ls

Консумирањето најмалку една салата на ден е една од најздравите навики што можете да ја научите.

Салатите се здрав додаток за секој оброк и кај многу луѓе се неизбежни на менито. Тие се полни со витамини и минерали и се хранливи.

Пролетта носи разновиден зеленчук и широк избор кога станува збор за подготовка на салата. Домати, краставици, ротквици, пиперки, зелена салата, a можете да изберете и да ги комбинирате по желба.

Една салата на ден е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело, а подолу ви даваме неколку причини зошто е тоа така.

Влакна го подобруваат варењето на храната

Зеленчукот содржи многу растителни влакна, кои се добри за варење. Консумирањето салата помага во борбата против запек. Влакната од зелена салата ќе ви овозможат здраво ниво на холестерол што е важно во спречувањето на кардиоваскуларните заболувања.

Хранливите материи го штитат организмот

Докажано е дека храната богата со хранливи материи го одржува здравјето. Ако често јадеме зелен зеленчук, поголема е веројатност да ги наполниме нашите тела со антиоксиданти како што се витамин Ц, фолна киселина, ликопен и алфа и бета-каротин, особено ако го јадеме свеж. Антиоксидансите ќе го штитат вашето тело од штетните слободни радикали.

Националниот институт за рак објави дека луѓето кои јадат многу овошје и зеленчук имаат помал ризик од некои видови тумори, дури и ако се пушачи и пијат многу алкохол. Видовите на зеленчук и овошје кои најчесто се споменуваат се: пиперките, доматите, сливите, портокалите, грашокот, морковот, крушите и јагодите.

Дава чувство на ситост

Ако сакате да одржите здрава тежина, салата во оброкот е вистинското решение. Истражувањата покажуваат дека јадењето на нискокалоричен оброк на почетокот на оброкот ви дава чувство на ситост, со што се намалува бројот на калории што ги јадеме преку други делови од оброкот. Сепак, треба да се внимава салата да не се зачинува со калорични додатоци.

Внесете здрави масти

Јадењето добри масти како оние што се наоѓаат во маслиновото масло, авокадо или ореви во комбинација со зеленчук, му помага на телото да ги апсорбира заштитните фитохемикалии од зеленчук како ликопен од домати или лутеин од лиснат зелен зеленчук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi