Како непогрешливо да го изберете најбрзиот ред во супермаркет?

5 декември, 2020
shutterstock338285447-830x0

Без разлика дали купувате едeн, два артикли или цела неделна набавка, последното нешто што сакате е да губите време чекајќи во ред. Но, дали знаевте дека постојат начини да се заврши побрзо на каса и во исто време да се почитува „фер-плејот“.

Експертите споделија 4 многу корисни совети кои ќе ви помогнат да го завршите купувањето побрзо од другите.

  1. Секогаш застанете зад купувачот со полна количка

Иако ова звучи контрадикторно, фактите зборуваат поинаку. Математичарот Ден Мејер наведува дека на секој купувач му треба одредено време да се поздрави, да плати, да каже чао и да ја напушти касата. Според неговото истражување, сето ова трае во просек 41 секунда по лице, додека процесот на скенирање на производот на касата е само околу 3 секунди по артикл. Ова значи дека ако изберете ред што има повеќе луѓе со помалку производи, нема да направите добар избор. Едноставно кажано, еден клиент кој има количка полна со 100 производи, ќе заврши за 6 минути. Ако изберете ред со 4 лица пред вас кои имаат по 20 производи, до каса стигнувате само за 7 минути.

2.Секогаш ја бирате касата од левата страна

Ole Line Dudes“, вели дека повеќето луѓе кои пишуваат со десна рака, потсвесно, почесто ги избираат касите десно. Затоа, обично има помалку гужви на касите од левата страна.

  1. Секогаш одете кај женските касиерки

Можеби звучи сексистички, но како што истакна Самуел, жените се побрзи и способни да направат повеќе работи истовремено.

  1. Проверете кој е пред вас и што купува

Не е доволно само да изброите колку луѓе се во ред пред вас. Исто така, треба да погледнете колку години имаат клиентите. На постарите луѓе ќе им треба повеќе време да се спакуват и да платат. Покрај тоа, погледнете во нивните корпи. На пример, 6 исти производи побрзо ќе поминат низ касата. Како да се забрза процесот? Ставете ги производите така што бар-кодовите се свртени кон касиерката и со тоа и ’ја олеснувате работата и заштедувате време’.