Меланија Трамп во две совршени комбинации во еден ден: Предизвикувачките чевли се нејзин заштитен знак!

9 мај, 20200
Насловна

Доналд и Меланија Трап вчера ја посетија Националната пошта во Вашингтон, каде се одржа церемонијата на 75-годишнината од победата во Европа. Денот познат како „Ve Day“ претставува момент во историјата кога Германија конечно се предаде во Втората светска војна.

За оваа свечена пригода, првата дама на Америка, Меланија Трамп, носеше миди фустан во црно под палтото со двојни копчиња во сива боја, исто така и миди должина.  

Таа ја комбинираше бојата на фустанот со класични чевли со високи потпетици, со потписот на шпанскиот дизајнер кој стана познат во серијалот „Сексот и градот“, Маноло Блахник. Овие чевли се посветени на иконата во француски стил Брижит Бардо и се украсени со малку пократки потпетици. Овој модел беше омилен на познатата актерка, а цената на овие чевли достигнува вртоглави 665 долари.

Меланија и Доналд Трамп ги следеа сите совети на Здравствената организација на овој настан, со оглед дека вирусот корона се шири во САД, така што првата дама и претседателот на Соединетите држави чуваа социјална дистанца според прописите.

Претходно истиот ден, Меланија ја прослави втората годишнина од нејзината иницијатива наречена „Биди најдобар“, каде што се приклучи на виртуелниот конференциски повик каде што разговараше со учениците од училиштата.

За оваа пригода, првата дама носеше светло црвена кошула која ја спари со морнарско здолниште со миди должина. Чевлите беа со иста боја како кошулата на нејзиниот омилен дизајнер, Кристијан Лабутен, и чинеа 695 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi