Како да оладите пиво БЕЗ ЗАМРЗНУВАЧ за само 5 минути? (ВИДЕО)

29 јуни, 20200
pivo 2

Одите во природа, немате замрзнувач, а цел ден сонувате за ладно пиво?

Не грижете се, Физиката ќе се погрижи за вас, а ние ви откриваме одличен начин како за 5 минути да оладите пиво , на сонце и тоа без замрзнувач.

Се што треба да направите е шишето пиво (може и лименка), да го врзете со кујнски бришач или со крпа, преку која треба да ставите вода, и тоа е се, оставете на природата да го направи своето.

Принципот е прост: Сончевите зраци доведуваат до испарување на водата од крпата, водата со себе ја носи и топлината од крпата, а пивото почнува да се лади. Колку е сонцето појако, има подобар ефект на ладење.

Најдобро е да има малку ветер кој додатно ќе го олади пивото. Истиот принцип може да го примените и за сокови во пластични шишиња, а и добра опција е ладење во мокра чорапа, да ја закачите на дрво и слично.

Погледнете видео како тоа изгледа:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi