БЕЗ ОВОЈ АКСЕСОАР НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ ЗИМАТА: Вака се носи oversized шал сезонава!

27 ноември, 20210
204793_141317-profimedia0360920403-edit_ls

Лудоста за големи, долги, предимензионирани шалови не стивнува ниту оваа сезона. Овој аксесоар ќе биде во фокусот и оваа зима, а освен што ќе не загрее во постудените денови, ќе го заокружи секој стајлинг и ќе внесе ведрина во тмурните денови.

Овој додаток лесно се вклопува во секој стил. Одлично ќе оди со патики и спортски стил, но и со елегантни комбинации.

Во тренд се еднобојните светли бои, но и оние со впечатлив принт. Ваше е да го изберете моделот кој најмногу ви се допаѓа.

Шаловите се омилен моден детал на речиси сите трендсетерки, а ни дадоа одлични идеи како да ги стилизираме оваа зима и есен. Погледнете ги фотографиите и пронајдете инспирација за вашиот следен стајлинг.

Сè попопуларниот начин на носење на овие шалови ќе го нагласи струкот и целосно ќе го трансформира стајлингот. Ставете го преку рамо, а потоа прицврстете го на половината со ремен и ќе го добиете овој интересен изглед.

Или само превртете го шалот преку едното рамо. Ќе изгледате апсолутно шик.

Направете пончо. Мора да признаете дека изгледа интересно.

И оваа сезона од модниот трон не се симнуваат плетените марами. Нема да најдете ништо потопло.

Со помош на шалови во светли бои, стајлингот за миг ќе добие поинтересна нота.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris