Има добри и лоши страни: Како правилно да го користите КОКОСОВОТО масло без да ја оштетите КОСАТА?

2 декември, 20210
Screenshot_1

Кога станува збор за кокосовото масло, треба да обрнете внимание на следниве работи.

 

Познато е дека кокосовото масло може да направи чуда и за кожата и за косата. Меѓутоа, ако не се користи правилно, кокосовото масло може да ја оштети косата.

 

Затоа е многу важно да знаете како правилно да го користите ова масло кога станува збор за нега на коса.

 

Кога се нанесува на кожата, кокосовото масло создава заштитен слој, што значи дека ги задржува добрите работи внатре, притоа не дозволувајќи им на лошите да навлезат во кожата.

 

Поради оваа причина, може да настане проблем доколку го користите на сува кожа на главата, бидејќи тогаш слој од масло не дозволува водата да навлезе до скалпот, што може да ја направи косата многу сува и кршлива.

 

Доколку по користењето на кокосово масло не сте добиле мека и поздрава коса, туку сосема спротивно, не сте го користеле правилно.

Затоа, кокосовото масло треба да се користи само на влажна коса.

 

Друга причина за кршлива и сува коса при нега со кокосово масло е лошото плакнење на косата.

 

Имено, кокосовото масло треба добро да се измие, а по потреба косата по нанесувањето да се измие двапати со шампон. Исто така, важно е да се обрне внимание на темелно плакнење на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi