Посета од која ќе се наежите: Во оваа црква ве чекаат „духови“

26 ноември, 20210
profimedia-0309160294-830x0

Започнувајќи со еден немил настан, црквата во чешкото село била напуштена од 1968 година. Од пред осум години ја посетуваат туристи од целиот свет

Во малиот чешки град Лукова има црква стара околу седум века. Еден трагичен настан доведе до тоа целосно да биде напуштена.

Тоа се случило во 1968 година, кога покривот на црквата паднал за време на погреб. Во селото со само околу 700 жители, тоа било доволно за да почнат гласини дека црквата е проколната.

Идејата на еден уметник од селото Лукова денес ја направи црквата една од најпопуларните дестинации во тој дел од земјата, бидејќи во неа живеат духови. Добро, не баш вистински духови, туку фигури кои ги претставуваат.

Дали сте подготвени да се сретнете со духови?

Ако сте плашливи, тогаш оваа дестинација сепак не е за вас. Иако не се работи за вистински духови, туку за скулптури кои ги претставуваат во вистинска големина, целата сцена може да ве наежи.

Вкупно 32 фигури се поставени на таков начин што сцената во црквата изгледа многу верна. Некои од нив „седат“ во клупи, некои „се собираат“ крај олтарот, а некои „стојат“ на вратата, така што изгледа како да канат посетители внатре.

Црквата Свети Ѓорѓи била изградена во текот на 14 век. Најверојатно била осветена во 1352 година. Се наоѓа на врвот на еден рид во чешкото село Лукова. Ова село од Прага го дели околу 2,5 часа возење. Според податоците има 708 жители.

Иако се користела порано, целосно е напуштена од 1968 година, откако покривот и се урнал за време на погреб. Откако мештаните почнале да зборуваат, но и верувајќи во приказната дека црквата е опседната, почнале да одржуваат миса надвор од оваа зграда.

Со текот на времето, црквата била целосно напуштена и оставена да се распаѓа. Иако локалната заедница донела одлука да се обиде да ја спаси, едноставно немало пари за тоа. Сосема очекувано, со оглед на тоа што се работи за место со само околу 700 жители.

Сè се променило во 2012 година

И иако се изгледало безнадежно, Јакуб Хадрава, уметник од Лукова, дошол на идеја да се обиде да ја оживее црквата. Затоа направил 32 скулптури на „духови“ во природна големина. Колегите ги користел како модели, покривајќи ги со чаршафи и правејќи гипсени одливки по тие модели, за да постигне што е можно поморничав ефект.

Фигурите се наредени на таков начин што на целиот простор му даваат страшна атмосфера.

Посебно е интересно што низ фигурите се претставени Судетските Германци или германските боеми, етничка група која некогаш живеела во областа, пишува „Инсајдер“.

Станува збор за етнички Германци кои по Втората светска војна биле протерани од Чешка, која тогаш беше дел од Чехословачка. Се проценува дека во Чешка имало дури три милиони Судетски Германци, кои по протерувањето го продолжиле животот на тлото на Германија и Австрија.

Подгответе се за посетата

Само една година по поставувањето на скулптурите, на мрежите беше поставен видео материјал, што многу влијаеше на неговата популарност.

Почнале да доаѓаат туристи, но и да оставаат финансиски придонеси. Како што изјави Питер Кукл, чуварот на црквата за Lonely Planet во септември 2018 година, туристите собрале над 600.000 круни за реновирањето, што е околу 26.000 долари.

Како што објасни, многу посетители се возбудени по пристигнувањето. Но, имало и такви кои едноставно одбиле да го посетат ова место.

– Ѕирнаа низ вратата, но не влегоа бидејќи не им е добро– додаде тој.

Црквата е отворена по неколку часа секоја недела. Доколку ја посетите во некое друго време, секогаш можете да ѕирнете и да ги видите „духовите“ кои живеат во неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris