Синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко денеска го прославува својот роденден.
Боксерот имено денеска на 10 декември полни 25 години, а гордата мајка прва се огласи на својот Инстаграм профил.
Цеца сподели фотографии на кои е со својот син, но и ќерка Анастасија.
На една од фотографиите Вељко и Анастасија се мали, па фановите се присетија на младоста на пејачката, но и тешкото нејзино минато, особено кога таа беше уапсена и лежеше во затвор не можејќи да ги види своите деца.
Инаку, по Цеца се огласи и Анастасија која со неколку фотографии му го честиташе неговиот роденден.