Музичарот откри непозната работа за себе
Музичарот Момчило Бајагиќ Бајага откри неколку непознати детали од неговиот живот, меѓу кои и фактот дека студирал нуклеарна физика.
– Тоа беше чисто од технички причини, тогаш почнав да свирам во „Рибја чорба“ и тогаш не помислував да учам ништо. Можеше да се одложи војската до 27 години, а потоа требаше да се запише некој факултет. Тоа беше навистина смешно, бидејќи никој не сакаше да се запише на нуклеарна физика. Имаше 20 слободни места, а се пријавивме шестмина. Само една девојка навистина дојде со желба да се запише, а ние петмина се пријавивме само за да имаме сертификат за војниот оддел за да можам да одам да си свирам со „Рибја чорба“ – изјави Бајага за Курир.
Бидејќи тоа не го интересирало, подоцна се запишал на Филолошкиот факултет.
– Навистина не ме интересираше нуклеарната физика. Во математика бев најслаб во средно, бев на смер за општествени науки и навистина не бев за природните науки. Професорот кој не пречека на факултет беше многу очаен што нема студенти, почна да не убедува дека иднината е во нуклеарната физика. Не можев да се сетам на имињата на предметите, се сеќавам само на еден, нуклеарна термодинамика. Потоа сакав да запишам историја на уметност, а потоа и класична историја. Размислував што да правам како професор по историја, па на крајот се запишав на југословенска и светска литература на Филолошкиот факултет. Навистина сакав да го учам тоа, но започнав со „Рибја чорба“ многу сериозно и се помалку одев на факултет – искрен беше музичарот.