Поп ѕвездата ги откри сите детали за новогодишниот настап
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша вечерва се појави пред претставници на медиумите на прес-конференција на која го најави новогодишниот настап во познатиот белградски клуб, кој ќе се одржи веднаш по концертот пред Народното собрание.
Јелена Карлеуша во интервју за „Објектив.рс“ ги откри сите детали од спектаклот што ќе го приреди во клубот „Касина“, откривајќи во оваа прилика дека во најлудата ноќ ќе се појави во сосема неочекувано издание!
– За Нова година ќе настапам целосно гола, но на посебен начин, мора да видите. Можеби тоа треба да биде енигма, задача за решавање… Облечена, но не, покриена, а целосно гола. Што сум јас? Па вие драги гледачи погодувајте! – изјави Карлеуша и ги заинтригира сите со својата изјава.
Пејачката потоа откри дека таа вечер ќе смени повеќе костими за двата концерта.
– После менувам 6 комбинации, а потоа две во „Касина“. Ќе мора да дојдете и да видите! – изјави Карлеуша за споменатиот медиум.