Бремената пејачка Катарина Грујиќ е посреќна од било кога. Таа и нејзиниот сопруг, фудбалерот Марко Гобељиќ за неколку недели ќе се остварат во улогата на родители.
Се е подготвено за доаѓањето на бебето, а заљубениот пар со нетрпение го очекува денот кога нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член.
Пејачката неодамна откри дека на свет доаѓа девојче.
– Во декември ќе имаме девојче, а ќе се вика Катја – изјави за српските медиуми пресреќната Катарина која реши да се повлече од јавноста и бременоста да ја помине одморајќи, опкружена со луѓе кои ја сакаат.
Пејачката откри дека полека влегува во деветтиот месец од бременоста на својот профил на „Инстаграм“ објавувајќи сет од најновите фотографии на модниот фотограф Миомир Милиќ.
Таа покрај фотографиите напиша: „Жена, мајка, кралица“.