Пејачката Катарина Грујиќ денеска го напушти породилиштето, а ја пречека нејзиниот сопруг Марко Гобељиќ.
– Најсреќна сум на светот, ова чувство не се опишува со зборови – возбудено изјави младата мајка Катарина Грујиќ, која во придружба на сопругот Марко Гобељиќ ја изнесе ќерката Катја од породилиштето.
– Се уште не можеме да видиме на кого личи бебето, се надевам дека личи на мене. Едвај чекам да дојдеме дома. Поголемиот дел од времето ќе го поминувам секако со бебето, но тука се и свекрвата и мајка ми, Марко. Тој плачеше кога ја виде ќерка си, тоа се емоции кои не се опишуваат – изјави Катарина пред да се упати кон семејниот дом.
Бебето се роди пред четири дена во приватно породилиште. Бидејќи породувањето поминало во најдобар ред, мајката и ќерката останале под надзор на лекар само онолку колку што било потребно да закрепнат.
За тоа време среќниот тато приредил голема прослава. Кога слушнал дека станал татко облекол маица со натпис „Добредојде Катја“.
-Сестрата на Катарина и мојот кум први ми ја скинаа маицата. Имаше солзи кога Катарина ми се јави од болницата и кога го видов нашето дете – Марко не ги криеше емоциите.