Брена сама се возела до продавница за мебел и бела техника
Пејачката Лепа Брена неодамна беше снимена во непрепознатливо издание, а случајните минувачи на улица никогаш не би ја препознале.
Имено, папарацо екипа ја фати пејачката како ги извршува своите вообичаени секојдневни активности, а таа носеше неколку слоеви облека, па едвај се препознаваше.
Пред неколку дена пазарела за семејниот дом и за претстојните празници.
Брена сама се возела до продавница за мебел и бела техника, каде купила нов апарат за кафе.
Потоа се упатила до супермаркетот, од каде излегла со полни раце торби, кои потоа ги натоварила во багажникот.