Верниците го слават Архангел Михаил, а познатата двојка Боба Живојиновиќ и Лепа Брена подготвуваат богата трпеза, која ја покажа и нивниот син Виктор.
Виктор на социјалните мрежи објави видео од подготовките за славата, како и процесот на правење на сармата, во кој и помогна и пријателката на неговата мајка.
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ чекаат гости со жито и вино, а подготвена е и традиционална торта, додека во нивната вила може да се видат икони.
– Традицијата продолжува – напиша Живојиновиќ со фотографија од сарма на Инстаграм, а многумина му честитаа во коментарите.