Пејачката Марија Шерифовиќ го изрази целиот свој гнев кон кандидатот кој не се подготвил добро.
Имено, поради својата нервоза заборавил на сẻ за што Марија го подготвила како ментор.
– Еј ти, разбуди се! што спиеш? Што правиш? Така ли се пее? – му кажала Марија на кандидатот, додека Босанац цело време велел „Така е“, што ја изнервирало пејачката.
-Ќути Босанац! – остро го прекори Шерифовиќ, а потоа продолжи да се кара со кандидатот.
– За што е оваа сцена? И сега дојдеш и си пееш во брада – налутено рекла пејачката.
„Маро, те молам смири се“, извикал Босанац.