Наташа Беквалац има нова фризура.
Пејачката Наташа Беквалац, која неодамна наполни 41 година, ги воодушеви фановите со промената што ја направи, мала, но и тоа како значајна.
Станува збор за новата фризура на згодна Новосаѓанка, која се осмели да ја направи после долго време.
Познато е дека Наташа неодамна се откажа од цигарите, и дека се посвети на поздрав начин на живот и дека изгледа поубаво и позгодно од било кога, а како шлаг на тортата пристигна и нова фризура.
Таа ги скрати шишките кои сега рамно и паѓаат над очите и даваат дополнителна нота на заводливост, а промената многумина ги потсети на периодот кога излезе еден од нејзините најголеми хитови „Добро мое“.
„…но не ги знаеш моите тајни, темни се и сјајни…да ги дознаеш би имал последици трајни…“, напиша Наташа, а со ова очигледно најави нова песна.
Овде може да погледнете како изгледа таа со новата фризура.