Нивес уште еднаш успеа да ги „испровоцира“ своите следбеници бидејќи сакаше да го покаже цвеќето, а сите го гледаа нејзиното бујно деколте.
Хрватската старлета Нивес Целзијус (40) на својот Инстаграм објави нова фотографија на која сакаше да покаже букет, но сите гледаа во нејзините облини.
Речиси секоја нејзина објава е во провокативни модни комбинации, костими за капење или целосно гола.
Освен градите, ѝ се гледаа и колковите, па на сите им беше јасно дека старлетата е целосно гола.
– Мојот цвеќар е подобар од вашиот цвеќар – пишува во описот на фотографијата.
За само неколку часа таа доби повеќе од 9.000 лајкови, а следеа и бројни коментари од нејзините следбеници.