Пејачката Теодора Џехверовиќ стекна популарност со учеството во реалното шоу „Задруга 1“, а она што беше една од главните теми во тоа време беше аферата за вистинското име на пејачката.
Во медиумите многу се шпекулираше за вистинското име на Теодора Џехверовиќ, а она што го пишуваа тамошните медиуми е дека пејачката се вика Суада, додека нејзиниот брат Сава се вика Сенад. Како што се наведува, нивните родители наводно ги смениле имињата по пристигнувањето од Босна во Србија.
Сава еднаш објави на својот Инстаграм профил и ја откри вистината за аферата „лажно име“.
– За сите оние кои се неинформирани, а го тврдат спротивното, јас лично го дадов името Теодора, и тоа пред раѓањето. Моја желба беше да имам сестра и подоцна да го носи името Теодора, што во превод значи Божји дар. Оние кои знаат повеќе за моето семејство од мене, ве молам да го покажат и јавно да го објават изводот од матичната книга на родените со дотичното име Суада, или да се соочат и да ми го кажат в лице. Поединци ќе се препознаат. Благодарам – изјави еднаш Сава преку социјалната мрежа.
Да потсетиме, таткото на Теодора се вика Сеад, родум од Босна, а со неколку членови од семејството престанал да разговара кога решил да се ожени со мајката на Теодора, Гоца. По некое време Гоца го донела својот сопруг во родното Качарево, пишуваа претходно српските медиуми.