Душко овојпат со една објава стави крај на бројните шпекулации
Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ поголемиот дел од годината поради професионалните обврски живеат во различни земји, а многумина постојано се прашуваат дали брачниот пар живее во иста куќа кога фудбалерот е во Белград.
Јелена е многу активна на социјалните мрежи, додека Тошиќ е нејзина целосна спротивност кога се во прашање популарните платформи, тој ретко објавува кадри кога е во Србија.
Душко овојпат со една објава стави крај на бројните шпекулации.
На Инстаграм сподели слика од зимската идила во дворот на станот во кој живеат Јелена и нивните наследнички Ника и Атина, каде пејачката порано често се фотографираше, додека сега повеќе го сака дворот на новата вила во која се уште не живеат.
Кога е во Белград, за што сведочи и неговата објава, фудбалерот престојува во стан на Дедиње со сопругата и ќерките.
Да се потсетиме, Душко пред две години од Драган Стојковиќ Пикси купи вила на Дедиње која се уште ја реновираат и уредуваат по свој вкус и наскоро треба да се преселат во новиот семеен дом.