Тие двајца се моментално главна тема на медиумите
Актерот Милош Биковиќ се појави на премиерата на филмот „Јужен ветер 2 – Забрзување“ со својата нова девојка Ивана и оттогаш не престануваат да зборуваат за нив.
Како што се испостави во меѓувреме, Ивана е млада адвокатка и по потекло е од Црна Гора, а актерот засега не сака многу да ја разоткрива нивната врска.
– Засега Милош не е подготвен јавно да зборува за Ивана, но не и да се фотографира. Тие се на почетокот на врската и се е свежо. Засега се функционира како треба. Имаат разбирање еден за друг и Ивана целосно ја разбира работата на Милош. Таа е талентирана, млада девојка, убава и амбициозна, исто како него, па се најдоа – изјави извор близок до Биковиќ.