Популарната пејачка Катарина Грујиќ неодамна ја роди ќерката Катја.
Популарната фолк пејачка Катарина Грујиќ пред точно две недели ја роди својата прва ќерка Катја Гобељиќ која ја доби со познатиот српски фудбалер Марко Гобљелиќ. Таа ја затиши својата музичка кариера за време на бременоста за да ужива во посебните денови и да го зачува своето здравје во периодот на корона вирусот, што вроди со плод бидејќи и мајката и бебето го поминаа породувањето и многу брзо ја напуштија болницата.
Сепак, никој не очекуваше дека Катарина Грујиќ толку брзо ќе се врати во јавноста, односно дека толку брзо ќе ја покаже својата фигура по породувањето. Така таа денеска на социјалната мрежа Инстаграм сподели серија фотографии од салон за убавина во Белград каде отиде целосно да ужива и да се разубави.
Бура од коментари предизвика реакцијата на козметичарката, која напиша дека Катарина Грујиќ изгледа како никогаш да не била бремена.
Што мислите за нејзиниот изглед?