– Не можам да дозволам некој да ме навредува и да ме нарекува наркоманка – вели Ана
Пејачката Ана Николиќ откри дека умее да се носи со нејзините следбеници на социјалните мрежи кои со часови ја навредуваат, иако е свесна дека тоа е бесмислено.
– Не дозволувам никој да ме злоуставува! Во состојба сум да се расправам со хејтери и по три часа – изјави Ана за „Информер“ и додаде:
– Свесна сум дека тоа е бесмислено бидејќи не ни знам кој е тој што стои зад профилот на социјалната мрежа, но не можам да дозволам некој да ме навредува и да ме нарекува наркоманка. Се ежам кога некој ќе спомне дрога! – изјави пејачката.
Ана открила и какви пораки и пристигнуваат.
– Претежно ми пишуваат „ти си алкохоличарка“, „дебела си“, „слаба си“… кога некој ќе претера, го блокирам. Дури ја блокирав и мојата 76-годишна баба на мобилниот телефон затоа што беше безобразна.