Руса коса и извајан стомак! Николија воодушеви со изгледот неполни 4 месеци по породувањето

popara4 ноември, 20211min00
amig-show-52-830x0

Николија блеска по раѓањето на втората ќерка

Популарната пејачка Николија Јовановиќ само три и пол месеци по породувањето одржа настап во Белград и воодушеви со својот изглед.

Носеше длабоки, широки фармерки, краток бел топ, а во преден план беше нејзината заносна фигура, која јасно покажува дека пејачката е во одлична форма.

Пејачката неодамна го промени имиџот, ја скрати косата, а потоа стана русокоса. Ако се суди според реакциите, промената на имиџот на Николија е полн погодок, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со Хејли Бибер.

Пејачката редовно тренира, што јасно се гледа по нејзиниот изглед, а пред настапот истакна дека има проблем со гардеробата која, како што вели, и паѓа.

nikolija03112021027-830x0
nikolija03112021036-830x0
nikolija03112021037-830x0
nikolija03112021038-830x0
nikolija03112021039-830x0
nikolija03112021045-830x0
nikolija03112021019-830x0
nikolija03112021020-830x0

На настапот на Николија, на 3 ноември, нејзиниот полубрат Лука го прослави својот 18 роденден, а пејачката му приреди мало изненадување.

Да се потсетиме, Николија се породи на 17 јули и роди девојче, а пејачката и нејзиниот партнер Реља Поповиќ имаат и постара наследничка Реа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma