Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ со децении инвестираат во семеен имот.
Пејачката Лепа Брена живее во луксузна вила на Бежанијска коса, а како што неодамна изјави подготвена е да ја продаде доколку се појави купувач кој би дал два милиони евра за неа. Брена е особено приврзана за овој имот бидејќи таа и нејзиниот сопруг Боба инвестираа во него со децении.
Во пространиот двор има голем базен на две нивоа, но и овоштарник покрај оградата. Пејачката сака да поминува време надвор, седејќи на маса покрај базен.
Куќата е изградена на два ката, а нејзината внатрешност е опремена со луксузен и скап мебел. Содржи неколку дневни и спални соби.
Дневната соба ја краси прекрасен камин покрај кој пејачката обожава да поминува време во текот на зимата, а во галеријата може да се видат и други детали од куќата: