На комеморацијата за Марина Туцаковиќ присуствуваше цела естрада
Меѓу нив: Јована и Жељко Јоксимовиќ, Драгана Мирковиќ, Ана Николиќ, Гога Секулиќ и многу други. Сите забележаа дека недостига една од најголемите звезди со кои Марина соработуваше, Светлана Ражнатовиќ Цеца.
Цеца се прости од својата Марина на погребот кој беше одржан на 29 Септември, но токму тогаш се најде во непријатна ситуација кога синот на Марина не и дозволи на неа, Милан Калиниќ и Саша Матиќ да се доближат до гробното место. Па е логично дека Цеца избегнува да доживее ваков стрес уште еднаш, поради што одлучи дека е најдобро да не се појавува денес на овој важен настан.