Пејачките Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ и Сара Јовановиќ ќе настапат на платото пред Народното собрание на Србија на новогодишната ноќ во Белград.
Пејачката Јелена Карлеуша наголемо се подготвува за новогодишните настапи, а сега на Инстаграм сподели фотографија од салата.
Имено, ЈК позирала во огледалото во хеланки и топ, додека на себе имала бели чизми и капа.
Јелена ја истакна заносната фигура, нејзините атрибути беа во преден план, но јасно се гледаа и стомачните, па пејачката изгледа беспрекорно, подготвена да ја запали толпата за дочекот на Новата 2022 година. Таа објави и фотографија со танчерите кои ќе ја придружуваат на новогодишната ноќ.