Сцена како од БАЈКА: Катарина Грујиќ и Гобељ издвоиле 10.000 ЕВРА за собата на својата миленичка! (ФОТО)

popara20 декември, 20211min00
kaca

За малата Катја се било подготвено, а родителите не штеделе за опремата на бебето

Пејачката Катарина Грујиќ и нејзиниот сопруг Марко Гобељиќ на 15 декември станаа горди родители на девојчето Катја, а фудбалерот вчера ги однесе дома, од приватното породилиште, каде со посебна грижа и љубов уредиле сè.

За малата Катја се било подготвено во семејниот дом, а родителите не штеделе за опремата на бебето.

Како што пишува 24sedam.rs, Марко и Катарина дале близу 1.000 евра само за количка, носилка и седиште во автомобил (комплет 3 во 1), а уште 3.000 за бебешкиот мебел.

-Кача и Гобељ не штедеа пари и го избраа само најдоброто за своја наследничка, а детската соба во која Катја ќе поминува најмногу време е опремена како од бајка, вели извор близок на пејачката за горенаведениот портал.

-Кача била опседната да размислува како да ја преуреди собата, па дала 3.000 евра само за кревет и комода, а уште толку дала за нејзината гардероба, открива соговорникот.

– Грујиќ подготви многу работи со кои ја наполни мини гардеробата на нејзината наследничка со најубавите бебешки работи, а се е во бела, розова и беж нијанса.

Мама и тато не го кријат воодушевувањето што на свет дојде нивната наследничка, а пејачката во изјава за медиумите откри дека имало солзи радосници кога се родила Катја.

– Марко веднаш почна да плаче кога ја виде Катја. Тоа се искрени емоции кои не можат да се опишат со зборови. Вчера се фатив како ја гледам три часа, а таа мирна, спие, па ме гледа… Боже, не ми се верува дека ова е мое дете и наеднаш ми потекуваат солзи – рекла Каќа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma