Малкумина знаат како изгледала пејачката пред да стане позната
Лепа Брена со децении успешно владее со музичката сцена на Балканот.
Има бројни хитови, за неа се снимени филмови, а иако наполни 60 години, на нејзиниот изглед и позавидуваат многу помлади жени.
Брена се труди да ја одржи својата линија и секогаш е во форма, па луѓето често коментираат дека го зачувала младешкиот изглед.
Сепак, малкумина знаат како изгледала пејачката пред да стане позната, кога била само тинејџерка со многу соништа.
На интернет неодамна се појави фотографија од тој период кога имала темна коса.