Драма во студиото
Во најавата за новата епизода на „Ѕвездите на Гранд“, која ќе се емитува во сабота, прикажан е конфликт меѓу Цеца Ражнатовиќ и Марија Шерифовиќ, кои не можат да се договорат за гласовите што ги добила кандидатката од тимот на Цеца.
Оваа сабота стартува вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“, а на самиот почеток на истиот дојде до конфликт меѓу членовите на жирито.
Марија во еден момент почнала да ѝ вика на Вики Миљковиќ, па Цеца ѝ замерила што го повишила гласот.
„Ти си луда и хистерична, ми урлаш, оглувев“, ѝ рекла Цеца на Марија.
– Виолета е ненормална – одговорила Шерифовиќ.
„Ќути“, одговори Цеца.
Ражнатовиќ потоа ја прекори Марија што не ѝ дала глас на нејзината кандидатта.
-Имам прашање до Марија, ти ѝ рече на оваа девојка дека пее глупаво, неразбирливо, и ѝ даде глас, а на мојата кандидатка не ѝ даде глас, а таа не пееше глупаво. Објасни ми кои се тие неправди? Цеца ја праша Марија.
– Не ѝ дадов глас затоа што сте ѝ дале погрешни песни – одговори Шерифовиќ.
Повеќе детали погледнете во видеото.