Маја е на заслужен одмор
Маја Беровиќ е бремена, а неодамна го потврди тоа. На својот Инстаграм профил објави дека е бремена и дека оди на заслужен одмор. А изгледа дека ужива во тоа.
Маја на својата приказна на Инстаграм објави кратко видео на кое се гледа дека стомакот и расте, а овој пат го покажа во полн сјај, односно не го сокри со гардеробата, што во моментов очигледно и одговара.
Да се потсетиме, ова ќе биде прво дете на Маја и нејзиниот сопруг Ален. Чекаат момче кое ќе се роди во февруари следната година.
Пејачката веќе неколку години е во среќен брак, а иако многумина ја прашуваа кога ќе стане мајка, таа тогаш изјави дека не е моментот, и дека е посветена на кариерата. Нема дилема дека Маја е задоволна од успесите кои ги постигнала, па сега заслужено ќе ужива во новата животна улога.