Искрена!
Пејачката Ивана Николиќ, членка на групата „Ураган“, проговори за новите деловни потфати и откри дека би сакала да соработува со Милош Биковиќ во еден од новите спотови.
Како што признала, не ја интересира дали е слободен или зафатен, но и не смета дека тоа е важно за ваков тип на соработка, а открила и дека би сакала да се проба во актерските води.
Би сакала да направам нешто со Милош Биковиќ. Не знам дали е слободен или зафатен, но тоа не е важно за соработка. Знам дека бараме актер за новиот спот, а кој ќе биде тој ќе одлучи режисерот. Ќе беше супер да беше Петар Мараш после Бача. Ми се допаѓа неговиот лик во „Јужен ветер“ – вели Ивана за медиумите.
Би сакала да добијам покана за продолжението на серијата или филмот „Јужен ветер“ и со големо задоволство ќе одговорам доколку тоа се случи. Пеењето е моја професија, а би било убаво да се испробам и во актерството – додаде таа.
Ивана моментално е без емотивен партнер, но не крие дека е подготвена за нова љубов.
Немам дечко, но дај Боже да се заљубам во новата година и да ми се смени статусот. Во моментов сум фокусирана на работата со моите колешки од групата, Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ – призна Ивана.