Изјавите на Ника секогаш ја воодушевуваат јавноста, а дванаесетгодишното девојче и овој пат успеа да разнежни многумина.
Ќерката на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша, Ника Тошиќ, е многу среќна за сите празници, особено за Нова година, па секоја година има список со желби за Дедо Мраз.
Имено, нејзините изјави секогаш ја воодушевуваат јавноста, а дванаесетгодишното девојче и овојпат успеа да разнежни многумина.
Јелена на својот Инстаграм го сподели писмото на нејзината ќерка, во кое Ника набројува што сака.
„Драг Дедо Мраз, јас бев добар оваа година, па мислам дека заслужувам нешто“, започна Ника, а потоа продолжи да набројува:
„1. Нов телефон (премногу е)
- Да нарачам некои странски слатки преку Инстаграм
- Некои убави пижами и папуши – напиша таа меѓу другото.
– Извини Дедо Мраз што претерав, но што да правам. Чекав цела година да биде повторно Нова година – истакна Ника, која најубавите желби ги задржала за деновите резервирани за подароците што, според неа, ги заслужила – стои во писмото.
– Дедо Мраз, Ника ти напиша подолго писмо. И, да… Доби петка по математика, што беше услов – додаде Јелена и ги разнежни своите следбеници.