Познатата пејачка е среќна во љубовта.
Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе некое време ужива во стабилна врска со Богдан Срејовиќ, а бидејќи сѐ оди како што треба, многумина се прашуваат дали пејачката наскоро ќе стапне на лудиот камен.
Сепак Цеца ги изненади сите со својот искрен одговор во врска со венчавката.
– Никогаш, што би се мажела? Хартијата само ја расипува среќата. Веќе се омажив, видов дека може да биде одлично, убаво, фантастично, сега хартијата не ми значи апсолутно ништо и сакам да се забавувам – изјави Цеца во една емисија.
Освен тоа, Цеца откри дека синот Вељко често ѝ помага во изборот на облека за ревии, а кога носи мини здолниште тоа е најчесто на негов наговор.
-По наговор на син ми, вели: „Многу ме нервираш кога ќе се облечеш во тие кошули, жено облечи мини здолниште, облечи се како тебе што се облекуваше, што си се закопчала до грло“ – изјавила пејачката со смеа.