Сликата на која „златната“ Јелена позира во дворот за само неколку часа „заработи“ речиси 80.000 лајкови
Јелена Карлеуша првиот снежен ден во Србија го дочека во дворот на својата вила на Дедиње, од каде објави неколку фотографии.
Јелена излезе во дворот покриен со снег во златна зимска јакна, а наместо топли, зимски чизми, облече штикли.
Сликата на која „златната“ Јелена позира во дворот за само неколку часа „заработи“ речиси 80.000 лајкови, а коментарите под објавата не престануваат да се намалуваат.
„Ова може да го изнесе само таа“, „Секогаш оригинална“, „Фантазија стајлинг“…
Да се потсетиме, Карлеуша неодамна за домашните медиуми проговори за нејзините карактеристики:
– Барате од Лавот да ги наведе неговите најдобри квалитети ?! Значи, каде да започнеме? Ха-ха-ха-ха! Во некоја космичка поделба сум добила многу добри карти кои се и мое проклетство. Но, ако би требало да изберам една особина, тоа е собирањето на фактите и нивна обработка. Накратко, нерафиниран, небрусен, природен, редок минерал – интелект, изјави ЈК за „Лена“.