Пејачката веќе подолго време предизвикува завист со своите фотографии од Малдивите.
Северина веќе неколку дена ги поздравува своите следбеници на Instagram од прекрасните Малдиви. Откако позираше топлес во када, во последната објава, таа се одлучи за малку поскромно издание. Имено, за фотосесија на дрвеното пристаниште, пејачката избра долг бел фустан со разрез, којшто го крена високо за да ги покаже своите витки нозе.
За помалку од еден час, фотографиите собраа повеќе од 10.000 лајкови.
Продуцентката и активистка, Јелена Велјача, ја поздрави пејачката преку коменар – „Колку си убава“, напиша таа.
„Моето сè“, „Прва ми е Севе моја“, „Убава, како и секогаш“, „Никој не ти може ништо“, „Севе ти си како виното, колку постара, толку подобра“, коментираа и останатите следбеници.