Карлеуша ужива со своите ќерки на луксузна дестинација: А погледот од терасата… НЕРЕАЛЕН! (ФОТО)

29 јули, 2021
jelena-karleusa-670x447

Судејќи според видеата и фотографиите, Јелена и нејзините ќерки феноменално се забавуваат

Поп -sвездата Јелена Карлеуша со ќерките Атина и Ника Тошиќ ужива во еден од најскапите хотели во Турција. Со своите следбеници на Instagram, пејачката го сподели луксузот со кој е опкружена.

Имено, пејачката ги поминува жешките летни денови со своите наследнички покрај морето, а својата армија фанови ја воодушеви со објави од Бодрум. Атина и Ника неодамна беа во истиот хотел со Душко Тошиќ, а сега уживаат со својата мајка.

Од терасата, која се наоѓа на последниот кат од хотелот, може да се види прекрасниот поглед на морето што го сними Јелена, а може да се види и дека покрај луксузниот хотел, тие се опкружени со прекрасна природа и чисто сино море.

Најефтината соба за неа и девојчињата, за десет дена летен одмор, е 10.773 евра, додека има и поскапи, и дефинитивно, судејќи според објави на Карлеуша, вреди за овие жешки цени.

Кралски соби, тераси со џакузи, девет тематски ресторани, базени на сите катови на хотелот кои се наоѓаат во рамките на терасите, спа центар, се само некои од погодностите на хотелот каде што престојуваат.

Јелена, Атина и Ника уживаат во луксузна дестинација која го одзема здивот.

escort - Korsan taksi