ТАА НЕ Е НОРМАЛНА! Марија Шерифовиќ жестоко ја поткачи Цеца, Ражнатовиќ не и остана должна!

24 октомври, 2021
Screenshot 2021-10-24 140951

По жестоките расправии меѓу Босанац и Цеца, сега на ред е Марија Шерифовиќ, која е позната по остриот јазик.

Доаѓањето на Светлана Цеца Ражнатовиќ целосно го наруши претходниот концепт на натпреварот и сите мислеа дека таа ќе биде поповлечена и нема да влегува во конфликти со другите членови на жирито, но и дека нема да остана должна на никого, што имавме можност да го видиме во претходните епизоди.

По неколку жестоки расправии со Драган Стојковиќ Босанац, Цеца овој пат ја пецна и Марија Шерифовиќ.

Карамболот настана по настапот на една од натпреварувачките, кога Цеца беше замолена да даде свој суд.

– За првата песна, едно големо да, но не знам што се случи во втората песна, како друга личност, друг вокал, тотален пресврт, не знам што се случи. Не е дека девојката не знае да пее – рече Цеца и започна дискусија меѓу членовите на жирито.

– Марија, што имаш да кажеш? – праша водителот.

-Морам да кажам дека Светлана Ражнатовиќ не е при здрав памет – изјави Марија и ги насмеа сите во студиото.

– Еве и сега Марија вели дека не сум нормална… А еве што вели публиката – рече Цеца.

– Сите добро знаеме дека Марија е откачена во главата, тоа го знае и самата, но бидејќи нејзината бубица не работи, не може да ми одговори и тоа ме радува! – рече Саша низ смеа.