Јелена Карлеуша го покажа овогодинешната декорација.
Јелена Карлеуша наголемо подготвува спектакл што ќе го одржи во центарот на Белград за дочекот на Новата година, а сега им се пофали на своите следбеници со декорацијата на својот луксузен дом на Дедиње.
Како и секоја година, пејачката се погрижи за секој детал, но и го украси секој дел од својата куќа.
Во нејзиниот дом сѐ е како вистинска магија и новогодишна бајка. Новогодишната елка ја украсила со бројни украси, мечки, ирваси, а деталите се во боите на златна, сребрена, но и розово злато.
Посебно внимание привлече украсениот камин, како и разните украси наредени на клавирот кој се наоѓа во салонскиот дел од куќата.
Видеото од нејзиниот дом може да го погледнете ТУКА.