Й местат афера дека била бремена минатата година
Како што стана познато во медиумите, Тања Савиќ конечно ги реши проблемите со сопругот Душан, од кого се разведува, меѓутоа, бидејќи неодамна започна со настапи и хитови, злобните не го губат времето! Сега ѝ спакуваа афера дека минатата година била бремена со дечко од Холандија и дека абортирала во строга тајност!
– Тања повеќе не ги следи порталите и скандалите што сѐ пишуваат за неа, туку ѝ се јавија за таа бременост и абортус со Холанѓанецот и таа навистина се изнервира – започнува изворот и додава:
– Секако, тоа нема врска со вистината, па за периодот кога велат дека е бремена, не знаеше каде ѝ е главата бидејќи децата беа со Душан во Австралија и не знаеше како да ги врати во Србија. Каква бременост, каков Холанѓанец, тоа е глупост – вели изворот и додава:
– Таа сега се сврте кон духовниот живот, чита духовни приказни и планира да оди кај духовник. Ја смирува и ја прави посилна, така што шпекулациите и измислените злобни приказни не ѝ можат ништо – заклучува изворот.