Аца Лукас (52) откри на кого е посветена неговата тажна балада – „Лешче“. Пејачот истакна дека овие шокантни стихови ги посветил на пријател кој се предозирал.
Стиховите на песната раскажуваат вистинска приказна.
– Песната „Лешче“ е посветена на мојот пријател кој почина како последица на дрогирање и е покана до сите да кажат не на дрогата. Песната е напишана во 1985 година и сите од мојата генерација ја знаеја во Карабурма уште пред да ја снимам. Таа песна морав да ја снимам и испеам, бидејќи е нераскинлив дел од мојот живот – откри Аца.
– Иако понекогаш во моето око, додека ја пеам, другите не забележуваат има солза, душата ми плаче. Песната е инспирирана од приказната за една девојка од Карабурба која секој ден оди на гробиштата „Лешче“ и носи цвеќе на гробот на своето мртво момче. Починал како последица од дрогирање. Секој пат пред да ја испеам, сакам да ѝ објаснам на публиката на кого ја посветив оваа песна, на мојот покоен пријател, кој исто така почина од последиците на дрогирање. Никогаш не сакав да снимам спот за таа песна, бидејќи знаев дека тоа ќе биде моето последно снимање – објасни Лукас.